“Ќе се соочиш со проблеми, но јас ќе те заштитам во сите“

Бог ни кажува дека не треба да се плашиме. со оглед на тоа дека Тој ни го кажува тоа, немаме потреба од друго објаснување. Тој е семоќен и знае за се низ што поминуваме. Тој знае за секое искушение и напад кој ќе го доживееме и порај тоа Тој ни вели “Не плаши се!“

Аврам живеел во туѓа земја опколена со моќни кралеви и не знаел каде ќе заврши. Меѓутоа, првиот  Божји збор до него бил: “Не плаши се, Авраме, јас сум ти заштита, а наградата твоја ќе биде многу голема.“

Бог сакал да му каже: “Јас ќе бидам твоја заштита, твој ѕид, твоја одбрана“  Во суштина Тој сакал да му каже: “Ќе се соочиш со проблеми, но јас ќе те заштитам во сите“ Аврам верувал во Божјиот збор за него:“ аврам поверува во Бог и тоа му се зсмета за праведност“

Исто како на Аврам и нам ни дава Бог ветување дека е со нас и дека не треба да се плашиме. Тој е наш штит и заштита.

Во библијата зборот НЕ ПЛАШИ СЕ го има 365 пати, доволно за секој ден во годината.

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *