“Веруваш ли дека знам што точно поднесуваш во овој момент?“

Бог прашува: “Веруваш ли дека знам што точно поднесуваш во овој момент?“ Можеби низ овој момент поминувате низ нешто што Го повикува да делува на вас. Самата природа на вашиот проблем бара одговор.

Верувате ли дека Бог го набљудува секој ваш чекор како таткото што го гледа своето дете? знаете ли во своето срце дека тој ја толку секоја ваша мисла која ви поминува низ главата? Верувате ли дека ја гледа секоја ваша солза, ја слуша секоја ваша воздишка, ве сака и се грижи за вас?

Библијата зборува за Него дека го прави токму тоа.

“Но лицето на Господ е против оние што вршат зло; ќе го истреби од Земјата споменот за нив.
Кога викаат праведните, Господ ги слуша и ги спасува од сите маки нивни.“ (Пс.34,16-18)

“зашто очите Господови ја гледаат целата земја, за да им помагаат на оние, чие срце наполно Му е предадено Нему. Ти сега постапи неразумно; затоа отсега ќе имаш војни.”(2 Лет. 16,9)

Верувате ли дека Бог е целосно и апсолутно свесен за сите ваши мисли, болки, таги, искушенија, финансиски проблеми, семејни проблеми – и дека сака да ве спаси од сето тоа?

Псалмистот вели:  “како таткото што ги милува синовите, така и Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.“ ( Пс. 103,13)

Писмото вели дека Бог ги милува оние кои се бојат од Него. Тој ве прегрнува и ви вели: “Ги знам твоите грижи, твоите мисли, твоите борби со кои се соочуваш и се грижам!“ Без оглед на тоа низ што поминувате и што чувствувате, Бог се гледа! Тој сочувствува со вашите слабости!  Тој го знае секој ваш чекор, се што зборувате и правите.

Бог не ви се лути сега.Тој ве сака, Тој знае како се чувствувате – и се грижи! Тој вели:“Да, поминуваш низ големи искушенија. Но ти си мое дете и нема да дозволам непријателот да те фати во замка. Јас ќе те избавам од ова“

 

 

извор: новиживот.нет

 

4 коментари

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *