Овие работи направете ги со вашите деца пред да биде доцна!

Кога еднаш ќе добиеме дете, ќе бидеме родители целиот живот, но децата нема да останат деца засекогаш. Некои велат дека првите две години на бебето завршуваат пред да трепнете двапати. Може ова не ни изгледа реално кога имаме мали бебиња, но ако се свртиме наназад ќе видеме како нашите деца веќе одат на училиште и тие денови не ги ни помниме.

Времето кое го имам есо нашите деца е ограничено – затоа да не го губиме!

Не можеме да го сопреме времето, но може да го направиме секој момент од секој ден да биде неповторлив и запаметен со овие неколку работи:

  • Бакнувајте ги и гушкајте ги

Имањето физички допир со децата им помага да се развијат емоционално и ја зајакнува врската помеѓу детето и родителот. Ќе се чувствуваат блиски со вас и ќе се чувствуваат сакани. Уживајте во овие бакнежи и прегратки додека с емали, бидејќи нема да траат вечно.

  • Слушајте ги

Како родители, ние често зборуваме без да застанеме з амомент и да ги слушнеме нив. Застанете за момент и слушнете ги како се изразуваат. Прашајте ги како им е на училиште, кое е нивно омилено животно, што сакаат да бидат кога ќе пораснат, кој е нивен најдобар пријател – и слушајте ги нивните одговори.

  • Играјте со нив

Без оглед дали се еден месе или 10 години, децата учат преку игра. Кога тие си играат, тие го насочуваат целото нивно внимание на таа активност. Искористете ги игрите да ги научите на некои концепти кои треба да ги научат и кои би ве поврзале. Како што вие ги учите нив, така тие ќе ве учат за нивниот карактер, смисла за хумор и интереси. Да си играте заедно значи и дека заедно ќе учите еден за друг.

  • Читајте заедно

Читањето е од огромно значење за децата.  Читањето ќе им ги отвори вратите на знаењето. Покажете им дека читањето е забавно со тоа што ќе им ги читате вашите омилени приказни. Прочитајте барем една приказна или поглавје на ден заедно. Никогаш не е касно да ја започнете оваа рутина.  Вие и вашето дете ќе научите да уживате во времето поминато заедно како семејство.

  • Смејте се 

Правете заедно нешто што ве прави среќни, кажувајте шеги, скокоткајте се, смејте се. Децата се деца само еднаш. Направете време да бидете среќни со нив и учете ги како да бидат среќни.

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *