Овие разговори никогаш немојте да ги имате пред вашите деца!

  • Некои разговори не се соодветни за пред деца. Избегнете ги овие осум разговори за да одржите една безбедна и здрава околина за вашите деца:
  • Сериозни аргументи

    Децата се гушат во емотивни разговори. Дури и ако се заклучите во спалната соба тие можат да ве наслушнат. Не е проблем да имате аргументи но најдобро е да ги држите понастрана од кругот на децата.

  • Финансиски проблеми

    Децата може да ја чувствуваат вашата вознемиреност и тие недоволно ја разбираат проблематиката со парите. Подобро е да ги оставите разговорите за финансии подалеку од децата иако ви изгледа дека едноставната дискусија за парите со децата како добра идеја.

  • Озборување

    Не е важно дали зборувате за учител, пријател или роднина. Ваште деца ќе ги преземат вашите чувства спрема нив. Има можност и тие да се чувствуваат на ист начин или да го повторат истото озборување на некој друг. Ако имате негативни мисли за некого, не дозволувајте вашите деца да ги слушнат. Бидете им позитивен пример на нив.

  • Критики за децата

    Замислете дека се жалите на вашиот најдобар пријател за тоа колку тежок е вашиот син, и да дознаете дека вашиот син ве слушнал. Децата понекогаш погреѓно ги интерпретираат вашите критики како недостаток на љубов.Може да с еповлечат или да ве исклучат за тоа. Ако некогаш морате да се жалите на некого од вашите деца, гледајте тоа да не биде пред нив.

  • Информации за возрасни

    Има некои работи за кои децата не треба да се грижат. Нивниот мал свет ионака им изгледа голем и мистериозен. Може да се исплашат од некои страшни настани и на нив лошо да влијаат. Споделувајте со нив некои информации но гледајте да бидат соодветни за нивната возраст и кои можат само да им користат.

  • Временски непогоди

    Може сте свесни дека бурата може да се претвори во торнадо, но доколку не сакате вашите деца да се плашат и од најмалиот ветар, тогаш чувајте си ја грижата за себе. Учете ги децата на безбедност, но не предизвикувајте им несакан стрес ако нема некоја голема опасност за тоа.

  • Безбедносни грижи

    Почнувајќи да ги предупредувате вашите деца за злоупотреба од дрога на двегодишна возраст може да биде малку екстремно. Почнете да ги сознавате со нивната безбедност но не ги оптеретувајте со сите опасности во светот. Помогнете им на вашите деца да се чувствуваат безбедно покажувајќи им љубов и поддршка. Кога ќе се чувствуваат безбедно околу вас, помалку ќе се наклонат подоцна кон параноја или бунтовност.

  • Ниска самодоверба

    Ако зборувате негативно за вас пред вашите деца и тие ќе започнат да размислуваат на истиот начин за себе. Може дури и да почнат да не ве почитуваат поради тоа. Ако вие не се почитувате , зошто тие да ве почитуваат?Децата гледаат и слушаат се што се случува околу нив. Разговарајте со нив на сите теми и помогнете им да изградат здрави ставови на сите полиња во животот.

    -Familyshare.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *