Кога е болна душата, телото страда….!

Во најголемиот број на случаи, болестите започнуваат во умот. Може некој семеен проблем, како рак ја изедува самата душа и ги слабее животните сили.

Односот кој постои помеѓу умот и телото е многу тесно поврзан. Кога се влијае на едното, другото сочувствува. Состојбата на умот влијае на здравјето на физичкиот систем.  Ако умот е слободен и среќен, што потекнува од свеста за исправно постапување и чувството на задоволство во усреќување на другите, тоа создава ведрина која се одразува на целиот систем, предизвикувајќи слободна циркулација на крвта и јакнење на целото тело. Оние кои им помагаат на другите најчесто имаат благословен и среќен живот.

Мозокот е орган и инструмент на умот и го контролира целото тело. За да останат останатите делови од системот здрави, мора прво мозокот да биде здрав. А за да биде мозокот здрав, крвта мора да биде чиста. Ако во крвта се внесуваат чиста храна и пијалок тогаш мозокот правилно се храни.

Треба да се нагласи влијанието на умот на телото, како и на телото на умот.Електричната сила на мозокот, која се спроведува со ментална активност, го оживува целиот систем и на тој начин е од непроценлива помош во отпорност кон болестите. Силата на волјата и важноста на самоконтролата го чуваат и обновуваат здравјето од депресивните и разорните последици од лутината, незадоволството, себичноста и др.

Депресивните мисли се најчеста причина за многу болести и поради тоа треба умот да се пренасочи кон позитивни цели кои нема да бидат свртени кон себе си, туку во помагање на другите и чувството на кориснот кон општеството и кон другите.

Кога е болна душата, телото страда….

Погрижете се да имате позитивни и ведри мисли кои се мелем за душата и лек за телото.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *