Бог ве создал оригинал, не трудете се да бидете копија!

Престанете да бидете незадоволни со самите себе си. Вие сте совршени.

Престанете да посакувате да изгледате како некој друг или да посакувате луѓето да ве сакаат како што сакаат некој друг.

Престанете да барате внимание од оние кои ве повредуваат.

Престанете да си го мразите своето тело, своето лице, својата личност и недостатоци, сакајте ги. Без нив…вие не би биле тоа што сте.

И зошто би сакале да бидете некој друг?

Имајте самодоверба во себе. Насмевнете се. Така ќе привлечете многу луѓе.

Ако некој ви завидува бидејќи сте среќни и задоволни, насмевнете с еи покажете им дека вашата среќа не зависи од никој друг освен од вас самите.

Бидете среќни и задоволни  со тоа што сте. Сакајте ги вашите недостатоци и маани.

Вие сте прекрасно создадени и уникатни.

Нема никој како вас.

Бог ве создал оригинал, не трудете се да бидете копија!

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *