Направете некого среќен, но почнете прво од себе!

Сите посакуваме трошка среќа во нашиот живот.

Ја барам насекаде, во материјални нешта. Но забораваме дека среќата е апстрактен поим.

Не можеш да ја опипаш, но можеш да ја доживееш.

Ја чувствуваме кога ќе направиме некое добро дело, кога помагаме, кога сакаме, кога се надеваме.

Убаво е чувството кога ќе направиме некого среќен и кога ние сме причината з атаа среќа.

Но за да направиме некого среќен, треба прво ние да бидеме среќни.

За да подариме нешто треба прво ние да го поседуваме.

Затоа, не барајте причини за тага, но барајте ситници за среќа.

Среќата се наоѓа во малите нешта. Во убавиот збор, во насмевките на најблиските, во песните на птиците, во радоста на децата….

Делете ја вашата среѓа со другите и таа ќе се зголеми.

Поделената среќа е дупла среќа, поделената тага е половина тага.

 

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *