Здружението “Вистински дела на љубезност“ одбележа 10 години постоење и го отвори првиот Центар за социјална инклузија во Северна Македонија!

🎉 Отворен првиот Центар за социјална инклузија во Северна Македонија!

Со гордост го претставуваме Центарот „Дренак“ – првиот центар за социјална инклузија во земјата, отворен на 22 октомври 2025 година од страна на здружението Љубезност. Центарот, лоциран во Кисела Вода, Скопје, нуди психолошка, социјална и правна поддршка, како и окупациона терапија за лица во ризик од бездомништво и социјална исклученост.

„Дренак“ е дел од регионалниот проект ComeHome, спроведуван во партнерство со АДРА Австрија и АДРА Србија, со поддршка од Австриското Министерство за труд, социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите.

🗣Отворањето беше одбележано со пораки од претставници на Австриската амбасада, Министерството за социјална политика и партнерските организации.

🤝 Со ова, „Љубезност“ ги одбележа и своите 10 години постоење, продолжувајќи ја мисијата за помош и поддршка на бездомните и социјално загрозените лица.

Österreichische Botschaft Skopje/Austrian Embassy Skopje Министерство за труд и социјална политика РРЦ – Ромски Ресурсен Центар | RRC – Roma Resource Center Roma Democratic Development Association Sonce ADRA Srbija ADRA Österreich

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *