Животот боли, но Исус лекува!

Животот не е секогаш лесен. Секој од нас се соочува со болка – без разлика дали станува збор за губење на сакана личност, болест, предавство или чувство на осаменост.

Понекогаш овие рани нè оптоваруваат толку многу што чувствуваме дека нема излез. Сепак, Библијата нè учи дека иако болката е вистинска, Исус е тука за да нè излекува и обнови.

Болката е дел од нашето постоење
Од времето кога гревот влезе во светот, болката е дел од човечкиот живот. Бог не нè измамува давајќи ни ја илузијата дека сè ќе биде совршено. Напротив, Тој нè подготвува за тешки времиња и ветува дека ќе биде со нас во секоја неволја.

Многу се неволјите на праведниците, но Господ го избавува од сите нив. (Псалм 34:19)

Иако можеби не разбираме зошто поминуваме низ болка, можеме да бидеме сигурни дека Бог нè гледа и дека никогаш не сме сами.

„Дојдете кај мене, сите изморени и оптоварени, и јас ќе ве одморам.“ (Матеј 11:28)

Исус ја разбира нашата болка

Исус не е далечен Бог кој не знае што чувствуваме. Тој доживеал глад, тага, предавство, болка и смрт на земјата. Кога плачеме, Тој ги разбира нашите солзи затоа што и Тој плачел. Тој ги понесе нашите страдања и гревови на крстот за да можеме да имаме живот и исцеление.

Тој ги зеде нашите слабости и ги зеде нашите болки. (Матеј 8:17)

Зашто немаме Првосвештеник кој не може да сочувствува со нашите слабости, туку оној кој бил искушан во сè како нас, но без грев. (Евреите 4:15)

Жртвата на Исус покажува колку Тој нè сака и колку Му е грижа за нашите срца.

Болката може да нè скрши, но Исус е оној кој носи обнова. Тој ги лекува не само телото, туку и душата. Неговата љубов и присуство ги обновуваат нашите срца и ни даваат сила да продолжиме понатаму.

Тој ги лекува скршените срца и ги преврзува нивните рани. (Псалм 147:3)

Дури и додека болката продолжува, Исус ни дава надеж. Тој ветува вечен живот без солзи, страдање или смрт. Нашиот сегашен живот е само минлива фаза, а вистинска радост нè чека во Неговото царство.

И ќе ја избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни пискот, ни болка нема да има веќе, зашто поранешното помина. (Откровение 21:4)

Автор Кристина Христов

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *