СТРЕСОТ НЕ Е ОД БОГА: 3 причини зошто не треба да бидете под стрес!

Стрес. Често го слушаме тој збор во наше друштво.

Го користиме овој збор за да опишеме како се чувствуваме кога поминуваме низ многу работи, заедно со многу очекувања. Тестови, рокови, напнатост, работата и нашата иднина се само од неколкуте работи кои не преплавуваат. Оваа генерација е вознемирена и под стрес и таа стана вообичаена емоција на многу луѓе.

Стресот ја одзема радоста. Грижата е лага која ни зборува дека Бог нема план. Тоа е лага дека Тој нема контрола и дека не е способен да направи повеќе отколку што можеме да замислиме. Тоа е лага која не спречува да се потпреме на Бога. Тоа е лага која не дозволува нашата вера да расте.

Еве три работи кои треба да ги знаете за стресот

Не вреди

Грижата и стресот се лага. Таа зима и краде и не дава ништо за возврат.

Таа е губење време кое може со Божја помош одобро да го искористиме. Стресот не постигнува ништо добро.

Бог не ја создал грижата

Стресот е лага и не е од Бог. Божјиот план е да се потпреме на Него кога се чувствуваме слаби.

Исус Христос не дошол да донесе страв туку мир.Божјиот мир е единствен. Тој мир ни дава сила да останеме мирни кога сме сред олуја. Ни дава способност да се потпреме на Него.

Тој ќе не спаси

Тој ќе ни помогне. Тој не ја бара нашата доверба затоа што е Крал, туку затоа што не сака и се грижи за нас. Не сака да с егрижиме з аработи кои не можеме да ги контролираме.

 

 

извор.новиживот.нет

Остави коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *