Запомнете 4 работи кога животот е тежок

Сите ние сме имале денови (дури и години) кога животот едноставно не изгледал дека оди онака како што ние замислуваме. Сите ние сме се соочиле со различни степени на „кршење“ на срцето, разочарувања, стрес и тага. Сите ние сме биле искушани да изгубиме надеж.

Дали некогаш сте имале подолг период во животот каде сте се чувствувале како ништо да не функционира, каде сте биле исфрустрирани, каде не сте можеле да видите ништо постигнато.

Следуваат четири работи кои треба да ги запомниме и научиме од тие предизвикувачки периоди од животот кои можат многу да ни помогнат.

Борбите во животот се неизбежни, но уништувањето не е задолжително. Овие четири принципи можат да направат голема разлика.

  1. Запомнете дека вашиот карактер треба секогаш да биде посилен отколку вашите околности.

Ние не можеме секогаш да контролираме што ни се случува, но ние секогаш можеме да контролираме како ќе одговориме на тоа што ни се случува. Во оние моменти кога избираме да престанеме да се жалиме и наместо тоа да благодариме на Бог за доброто во нашиот живот, оние делови кои се чини дека се лоши почнуваат да бидат помалку значајни. Одберете да задржите позитивен став и благодарно срце, без оглед низ што поминувате.

„Радувајте се секогаш! Молете постојано! Благодарете за сè, зашто тоа е Божја волја за вас во Христа Исуса!“ (1-во Солунјаните 5:16-18; Библија)

2. Запомнете дека вашите проблеми секогаш водат во поголема сила.

Секоја тешкотија во вашиот живот, без разлика голема или мала, е нешто што Бог ќе го употреби да произведе поголема сила, вера и истрајност во вас, ако Му дозволите! Сета ваша болка има цел.

„Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние, кои Го љубат Бога, кои се повикани по Неговата намера.“ (Римјаните 8:28; Библија)

Ова е толку важно, но најчесто ова е првата работа која ја забораваме…

3. Запомнете дека Божјото време е секогаш совршено.

Божјите планови речиси секогаш се различни од нашите планови, но Неговите планови секогаш се совршени! Имајте трпение да чекате на Неговото време наместо да го форсирате своето.

„Зашто Јас ги знам Своите замисли за тоа што имам намера со вас – зборува Господ – замисли за мир, а не за несреќа: да ви дадам иднина и надеж.“ (Еремија 29:11; Библија)

  1. Запомнете дека Бог никогаш нема да ве напушти.

Можеби чувствувате како низ оваа борба да одите сами, но од моментот кога ќе побарате од Исус да ве донесе во Божјото семејство, Тој ќе биде на вашата страна до крајот, затоа никогаш не губете надеж!

„Охрабрете се и бидете одлучни! Не бојте се и не плашете се од нив! Та Самиот Господ, твојот Бог, доаѓа со тебе; не ќе те напушти ниту ќе те остави.“ (Второзаконие 31:6; Библија)

 

 

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *